Производи
-
Бебешки колички
Најголем избор на бебешки колички по европски стандарди. Сите модели се препознатливи по својот квалитет, функционалност, елеганција и удобност. Достапни во разни бои и дизајни. Опремени со многу додатоци како шопинг кошнички, заштитно платно од сонце, сигурносни сопирачки, механизам за собирање за заштеда на простор...
повеќе >> -
Седишта за во автомобил
Заштитете го бебето додека патувате со автомобил и овозможете му целосно уживање. Новите бебешки седишта за во автомобил се идеални за бебиња чија тежина не надминува 13 килограми(според стандардот за сигурност R44/03), односно 4 годишна возраст. Сите модели вклучуваат свој сопствен систем на сигурносни ремени, но одговара и стандардниот сигурносен појас од автомобилот како додатна заштита. Може да се позиционира на предниот дел од седиштето на автомобилот , но и на задниот дел. Исто така овозможени се две положби на бебето, исправена и легната, за спиење.
повеќе >> -
Бебешки креветчиња
Оставете го вашето дете безгрижно да си игра во креветчето додека ги вршите вашите секојдневни обврски. Овие креветчиња се идеални за во домашни услови, но и при патување. Сите креветчиња имаат странично прозорче од мрежа за подобро набљудување на бебето и мек материјал за удобно спиење. Некои од нив имаат и додатни играчки кои ќе го прават вашето бебе среќно и весело. Идеални се за бебиња стари до 48 месеци.
повеќе >> -
Бебешки високи столчиња
За полесно хранење на вашето бебе може да ги користите високите бебешки столчиња. Овие столчиња имаат пет степени на прилагодување на висината, три степени на навалување. Сигурноста е овозможена со 5-те сигурносни појаси. Овие столчиња може да се придвижуваат со помош на безшумните тркалца кои имаат сигурносни кочници.
повеќе >> -
Бебешки бањи
Бебешките бањи и корита се одлични за одржување на хигиената на бебето. Многу се практични и не зафаќаат голем простор. Има додатни елементи за сместување на средствата за бањање или пелените. Најдобро од се е тоа што се високи, па не треба да бидете наведнати цело време.
повеќе >> -
Бебешки столчиња за релаксирање
Овие модерни столчиња служат за одмор на новороденчето. Идеални се за бебиња стари до 9 месеци. Платнениот дел слободно може да се извади и да се пере, со што вашето бебе секогаш ќе има чиста постела.
повеќе >> -
Дубачиња
Сите родители го паметат првиот чекор на своето дете. Нека првиот чекор биде во овие одлични бебешки дубачиња. Сите модели имаат механизам за прилагодување на висината, анатомски седишта и многу електронски играчки кои со својот звук ќе го заигруваат вашето бебе. Идеални се за деца од 6 до 12 месеци.
повеќе >> -
Бебешки нишалки
Овие нишалки се направени по европски стандарди. Имаат ергономска конструкција, со комбинација на убави бои. Седиштето е удобно и на него има сигурносни појаси, а на предниот дел од седиштето се наоѓаат електрични играчки. Идеални се за деца од 9 месеци до 2 години.
повеќе >> -
Детски велосипеди
Сите модели имаат заштитно платно за сонце и имаат рачка за контрола од возрасно лице. Дизајнирани се по европски стандард, со комбинација на интересни бои. Исто така имаат електронски уреди кои испуштаат звуци.
повеќе >>
